Наместо 140 денари дневно, од понеделник студентите парите за субвенциониран студентски оброк ќе се исплаќаат одеднаш за шест дена во неделата. Вака одлучи МОН, по иницијатива на студентите.
Сега како ќе се одвива користењето на мерката, еднаш во понеделник ќе има исплаќање на 840 денари, студентите ќе може да ги користат до сабота, а следниот понеделник уште 840 денари. Зошто?
Се со цел да нема технички проблеми во однос на дневната исплата, оти одреден број на студенти се соочуваа секојдневно со проблеми.
Студентите стојат на ставот дека ништо не можат да си купат со овие пари.
„Е сега во делот дали се доволни 140 ден треба да се повикаме на делот оти тоа е субвенција, тоа не е цел оброк – така е и во регионот, ова е помош само за оброк, н цела мерка“
Студентите парите може да ги трошат каде сакаат и на што сакаат. Иако се наменети за здрав студенски оброк, никој не ги ограничува дали ќе купат шампон, тоалетна хартија или цигари. Изборот е само нивен.