Проектот „МојДДВ“ како еден од најуспешните, го оправда своето постоење. За нешто повеќе четири години од спроведувањето на оваа мерка, преку „МојДДВ“ на сметките на граѓаните се слеале повеќе од 130 милиони евра.
Тоа се сериозни пари кои се директно исплатени на сметките на граѓаните и позитивно влијае врз семејните буџети кај повеќе од 540.000 корисници на оваа мерка.
Освен дополнителниот приход за корисниците, оваа мерка има и позитивен ефект во намалувањето на сивата економија. Се повеќе граѓани бараат фискални сметки од бизнисите.
Евидентиран е зголемен број на пријави од страна на граѓаните за неиздавање на фискални сметки.
Во изминативе четири години, од почетокот на „МојДДВ“ биле поднесени повеќе од 5.600 претставки за неиздадени фискални сметки, што упатува на јакнење на свеста за значењето на даноците.
Сумата за поврат на ДДВ преку проектот Мој ДДВ ќе се зголеми на 3.000 денари за едно тромесечие, најави лидерот на СДСМ Димитар Ковачевски синоќа на настан на СДСМ во Штип.
Во моментов речиси половина милион граѓани скенираат фискални и имаат можност за поврат на ДДВ од 2.100 денари за едно тромесечие.