Страотна сообраќајка вечерва во Македонија, неофицијално, едно лице го загуби животот

Во тешка сообраќајна несреќа која се случи попладнево, на патот Кичево-Стража, едно лице загина, неофицијално дознава 4NEWS.mk

Страшни се првичните снимки кои ги објави порталот 4news.

Автомобилот се гледа како е паднат во река откако претходно изгубил контрола и излетал од патот.

Во тек е спасувачка акција за извлекување на автомобилот кој излетал од патот и паднал во река.

На терен има пристигнато и механизација со чија помош во овие моменти треба да започне извлекувањето на автомобилот.

Поради несреќата на патот Кичево-Стража има мал застој.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде