Му се слошило, паднал и починал на улица – 32-годишна жена се наведнала и му ги земала парите

Полициски службеници од СВР Велес вчера  ја лишиле од слобода 32 годишната Р.С. од Велес, осомничена дека од лицето Т.Ѓ. (54) години од Велес одзела пари.

Според пријавеното, откако Т.Ѓ. паднал на улицата „Илинденска“ пред дуќаните во близина на Новиот мост во Велес и починал,

Р.С. се доближила до него и му ги одзела парите, информира денеска Билјана Ѓаковска портпарол на СВР Велес.

Осомничената  била  задржана во полициска станица, бил известен јавен обвинител и по документирање на настанот против неа ќе биде поднесена соодветна пријава, најавија од СВР Велес.

На Т.Ѓ вчера му се слошило пред дуќаните кај Новиот мост во Велес, по што била повикана Итна медицинска помош, која констатирала смрт без траги на насилство.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде