Страотна сообраќајка помеѓу “сканија“ и “бмв“, има повредени

Од МВР известуваат дека вчера во 18.10 часот во Полициската станица Виница било пријавено дека на магистрален пат А3 се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „бмв“ со винички регистарски ознаки,

управувано од Г.И.(52) од с.Јакимово, виничко и товарно возило „сканиа“ со кочански регистарски ознаки, управувано од Н.С.(39) од Кочани.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот Г.И. констатирани во Клиничка болница Штип, додека неговата сопатничка Л.Е.(46) од Виница се здобила со телесни повреди.

Извршен бил увид од јавен обвинител и увидна екипа од СВР Штип

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде