Славчо Попоски најавува: Во делови од Македонија ќе наврне и над 25 сантиметри снег

Метео анализа на Славчо Попоски:

Големиот влажен бран кој ќе ја зафати територијата на Македонија утре попладне  и навечер, како и во вторник и истиот е поврзан со длабокиот циклонски систем кој е со центар над Џеновскиот залив, 

на повеќе места кај нас ќе донесе обилни врнежи од дожд на пониските места ( локално ќе наврнат и  над 30 литри на метар квадратен воден талог), и снег на планините, како и на некои повисоки населени места кои се на надморска височина од околу 1000 метри, но не смее да се исклучи можноста снежната граница да се спушти и нешто под 1000 метри, особено во западните  и во северните предели од Македонија.

На планините, особено во западните предели, како и на Скијачките центри се очекува формирање на снежна покривка од 10 до 20 сантиметри, понекаде и над 25 сантиметри. Сето ова ќе биде проследено и со умерен до засилен ветер, утре од јужен и од југоисточен, а во вторник од северен правец.

Во Скопје исто така со овој влажен бран ќе има пообилни врнежи од дожд. Ќе дува умерен до засилен ветер, утре од југоисточен, а во вторник од северен правец.

Што се однесува до температурите, тие позначително ќе опаднат во вторник, кога максималните дневни температури ќе се искачуваат во интервалот од 4 до 12 степени.

Инаку во следниот период очекуваме почести врнежи од дожд, како и снег на планините, што значи пред нас е значително повлажен период, со што очекуваме вистинска снежна бајка на планините, како и на Скијачките центри.

Извор: Метео аларм

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде