Во текот на ноќта се задржа облачно со повремено пообилни врнежи од дожд особено во југозападните делови од земјата.
Ветерот ослабе и започна да дува претежно северен. Утринава пообилни врнежи има во јужните и централните делови од земјата.
Во Крушево започна да врне пообилен снег, а снег врне и на Попова Шапка и Лазарополе.
Снежна покривка од 11 сантиметри има во Лазарополе, на Попова Шапка девет и во Крушево четири сантиметри.
![](https://direkten.mk/wp-content/uploads/2024/03/image-4-665x1024.png)