ФОТО: Утрово под снежна покривка се разбуди и овој македонски град

Во текот на ноќта се задржа облачно со повремено пообилни врнежи од дожд особено во југозападните делови од земјата.

Ветерот ослабе и започна да дува претежно северен. Утринава пообилни врнежи има во јужните и централните делови од земјата.

Во Крушево започна да врне пообилен снег, а снег врне и на Попова Шапка и Лазарополе.

Снежна покривка од 11 сантиметри има во Лазарополе, на Попова Шапка девет и во Крушево четири сантиметри.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде