Силен земјотрес ја стресе Турција

Турската агенција за вонредни ситуации соопшти дека земјотрес со јачина од 4,9 степени според Рихтеровата скала вечерва ја погодил областа Јенице во провинцијата Чанаккале.

Земјотресот се случи во 21:38 часот по локално време и беше почувствуван во неколку соседни провинции.

Во соопштението на Агенцијата се наведува дека епицентарот на земјотресот е регистриран во областа Јенице на длабочина од 10,44 километри.

Засега нема информации за последиците од земјотресот.

Турскиот министер за внатрешни работи Али Јерликаја најави дека сите надлежни служби се на терен и дека засега нема извештаи за штети.

Гувернерот на Истанбул Давут Ѓул најави дека земјотресот се почувствувал и во Истанбул и дека засега не се забележани последици.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде