Тренчевска: Маслото за јадење во 2017 беше 62 денари, сега е 76 денари, а пензиите се зголемија за 50% и платите за 70%

Доскорешната министерка за труд и социјална политика Јован Тренчевска, која си замина со доаѓањето на техничката влада,

во емисијата „Што мисли народот“ на ТВ Стар рече дека цените на брашното и маслото за јадење не поскапеле многу од 2017 до денес.

– Ги имам цените колку беа во 2017 кога дојдовме на власт и сега. Просечната цена на брашното тогаш, ова се просечни цени од Заводот за статистика,било 33 денари.

Денес е 47 денари. Значи не е сто отсто поскапено, далеку е од поскапено. Маслото за јадење тогаш било 62 денари, а денес е 76 денари, рече Тренчевска.

Според поранешната министерка,во меѓувреме платите се зголемиле за 70 отсто, а пензиите за 50 проценти во текот на седумгодишното владеење.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде