Ужасни сцени од местото на несреќата: На 22-годишна возраст загина познатиот спортист

Страшна вест доаѓа од Русија, бидејќи во сообраќајна несреќа загина двократниот светски шампион во тајландски бокс, Никита Чернов.

Овој 22-годишен борец бил во автомобил што се судрил со камион и им подлегнал на повредите на самото место.

Според медиумите, повредени се уште три лица. Веста за смртта на младиот Чернов ја потврди и неговиот тренер Андреј Собко.

Почина Никита Чернов-Черни, мајстор на спортот на Русија, победник на рускиот Куп, двоен победник на Светското првенство, двоен шампион на Русија во студентските категории, трикратен победник на руското првенство, повеќекратен победник на турнирите.

Никита почина патувајќи на натпревар каде што требаше да присуствува за прв пат како тренер. Вечен спомен, борецу – напиша Собко на социјалните мрежи.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде