Мирко почина на 47-годишна возраст: Ова е неговата последна објава на социјалните мрежи

Почина познатиот македонски бодибилдер и фитнес тренер Мирко Петровски

Веста на социјалните мрежи ја сподели познатиот музичар Панчо.

– Сѐ уште сакам да мислам дека е само еден лош сон. Мирко мој, не требаше вака да не оставиш. Знам дека имаше уште многу планови зацртани и многу работи недокажани.

Денес изгубив(ме) голем другар, голем спортист и татко. Couch мој, на поубаво место си секако каде конечно ќе го најдеш твојот душевен мир.

Ќе те памтам како добар човек и лојален другар. Вечна ти слава Мирко Петровски – напиша тој на нивната заедничка фотографија.

Ова е неговата последна објава на социјалните мрежи објавена пред неколку дена, поточно на 26-ти февруари.

Петровски почина на 47-годишна возраст.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде