Тажната вест за порталот „ММС“ ја потврди и нејзината колешка Вики Среброва.
„Замина мојата Тинче. Ја барав денес неколкупати, но не ми се јави. Три часа ја барав. Ми стана сомнително и заминав кај неа дома.
Кога отидов беше затворено, а живее на приземје. Повторно ѝ ѕвонев и не ми се јави, па се јавив кај сестра ѝ, која ме посоветува да одам од задната страна.
Кога отидов погледнав низ прозор, телевизорот работеше, а се’ наместо ѝ стоеше. Се јавив на сестра ѝ и заминав дома.
Подоцна сестра ѝ ми се јави и ми кажа дека брат ѝ морал да го скрши прозорот за да влезат и кога влегле ја нашле почината“, раскажува Среброва за „ММС“.
Познатата пејачка и водителка открива делка неодамна Атина имала операција на срце, но дека се’ поминало во најдобар ред.
ММС разговараше и со нејзината сестра Летка.
„Ни отиде Тинче, а ни беше како мајка. Што навистина се слуучило не знам, бидејќи повикавме и полиција и брза помош. Полицијата пристигна, а во моментов пристигнуваат и лекарите.
Не знам како починала, можеби паднала, бидејќи има малку крв на глава. Најверојатно изгубила свест , низ солзи за ММС кажа нејзината сестра, која чека медицинските лица да кажат официјално од што починала нејзината сестра.
Извор: ММС.мк