Тешка сообраќајка помеѓу камион и автомобил кај Кочани

Во 2.41 часот во Полициската станица Кочани било пријавено дека на магистралниот пат А3, на местото наречено Слатина, се случила сообраќајна несреќа помеѓу товарно возило „рено“,

со бугарски национални ознаки, управувано од Д. Е. Г. (32) од Република Бугарија, и патничко возило „мерцедес“, со швајцарски национални ознаки, управувано од Б. Г. (47) од Виница.

Во несреќата тешки телесни повреди добил Б. Г. констатирани во Јавната здравствена установа во Кочани.

Извршен бил увид од екипа на ОВР Кочани.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде