Тешка сообраќајка утрово во Скопје – првични инфорамции

Сообраќајна несреќа се случи утрово близу Зоолошката градина, на булеварот „Илиндеска“, објави Скопје1.

Според првичните информации кои ги објави порталот, се судриле два автомобили, по што, едниот од нив удри во бандера поставена на печаки остров.

Засега нема информации за повредени лица, а на терен има полиција која ја обезбедува местото.

Може само да се забележи дека автомобилите се уништени во предниот дел, поради силината на ударот.

Детали се очекуваат од МВР.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде