Тлото не мирува: Серија земјотреси утрово го стресоа Балканот

Земјотрес со јачина од 3,1 степени според Рихтеровата скала утрово  ја погоди Босна и Херцеговина.

Земјотресот е регистриран во 7.42 часот по локално време на длабочина од 9 километри, а епицентарот бил на 29 километри од Мостар.

Босанските медиуми информираат дека граѓаните изјавиле дека земјотресот ги разбудил бидејќи слушнале и татнежи.

Два послаби земјотреси се регистрирани синоќа и во Загреб, Хрватска. Посилниот од двата земјотреси се случи во 1.58 часот и вознемири дел од граѓаните. Беше со јачина од 2,8 степени.

Епицентарот на земјотресот бил на длабочина од 6 километри и бил во близина на Маркушевац.

Иако е класифициран како слаб по магнитуда, луѓето велат дека земјотресот ги разбудил и дека се слушнал прилично силен звук.

Некои велат дека се чувствувал посилно отколку што сугерира неговата големина.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде