Силно невреме проследено со град доцна претпладнево го зафати регионот на Гевгелија.
Според фотографиите кои може да се најдат на социјалните мрежи, во Мрзенци целата земја е прекриена со мраз од интензивните врнежи на град.
Дополнително ќе се прават премсетки за предизвиканата евентуална штета на земјоделските култури.
Нестабилноста се очекува да продолжи и во попладневните часови, не е исклучена можноста за ретка појава на ситен град.
Во следните денови ќе се задржи променливо облачно време со сончеви периоди и со слаб локален дожд. За време на викендот ќе започне да дува јужен ветер и дневната температура ќе биде во пораст.
Нестабилно време со нови поинтензивни врнежи проследени со грмежи се очекува во почетокот на следната седмица.