Дваесет и тригодишна девојка е ранета денеска во пукотница во центарот на Сараево, а маж на 30 годишна возраст кој отворил оган е уапсен, соопшти полицијата.
Портпаролката на МУП на кантонот Сараево, Мерсиха Новалиќ изјави дека пукањето во Башчаршија се случило во 16 часот и 30 минути.
-Пукањето се случило на раскрсницата на улиците Телали и Сафет-бег Башагиќ во сараевската општина Стари Град.
Рането е женско лице (2001 г.), кое се здобило со повреди на десната потколеница и е пренесено на Клинички Центарот на Универзитетот во Сараево,
каде и е укажана лекарска помош, изјави Мерсиха Новалиќ.