Страотна сообраќајна несреќа: Излета „ауди“, четири лица итно пренесени во болница

На 08.03.2024 во 13.10 часот било пријавено дека на локалниот пат од с.Тополница кон Радовиш, кај место викано „Баглар Баши“ патничко моторно возило „ауди“

со радовишки регистарски ознаки, управувано од Б.И.(27) од с.Тополница-радовишко, излетало надвор од коловозот.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила сопатничката Т.И.(45) од с.Тополница,

а со телесни повреди се здобиле Б.И. и сопатниците Р.И.(46) и Д.И.(24), констатирани во Клиничката болница Штип.

Извршен бил увид од увидна екипа од Полициската станица Радовиш.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде