Трагедијата стана уште поголема: После мајката почина и ќерката – страотна сообраќајка во близина на Ниш

Девојката В.Ш. (22) им подлегнала на повредите по страшната несреќа во која мајка и починала на лице место, а повредена е нејзината сестра Л.А. (24) и таткото И.А. (54).

Страотната сообраќајка се случи денеска околу 13 часот и 30 минути на стариот пат Ниш – Просек.

Како што е потврдено за Телеграф, девојчето починало во операционата сала.

Да потсетиме, до несреќата дошло кога од засега неутврдени причини возилото „цитроен“ излегло од коловозот и се превртело на страна. Како што потврдија, едно лице починало на лице место, додека Брзата помош четворица ги префрлила во Универзитетскиот клинички центар Ниш.

Покрај тоа што се превртел во каналот, автомобилот има големи оштетувања на предниот дел од возилото.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде