Трагична вест го потресе регионот: Тригодишно дете се удави во базен

Тригодишно дете без знаци на живот денеска било донесено во итната помош во Прешево, што предизвика големо внимание во јавноста.

Дежурните екипи веднаш ја известиле полицијата за овој тажен настан, а на лице место било утврдено дека детето излегло од семејната куќа и паднало во базенот во дворот.

Имало обид за реанимација, но безуспешно

Брзата помош веднаш почнала да се обидува да го реанимира детето, но за жал нивните напори не вродиле со плод.

Детето не ја преживеа оваа трагична несреќа која длабоко ги потресе сите инволвирани во случајот, пренесуваат медиумитте од регионот.

Известено е Вишото јавно обвинителство во Врање, а детали за понатамошните чекори ќе бидат објавени по истрагата.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде