Метео анализа на Славчо Попоски:
Според моменталните анализи со кој располагаме, со помош на најпрецизниот нумерички модел (ECMWF – Европски центар за среднорочна прогноза), седмицата која е пред нас ќе биде и понатаму пролетно топла, иако календарски се сеуште зима, но и со повеќе врнежи.
Најмногу врнежи ќе имаме во утре и во вторник, кога е можна појава и на локално невреме со електрични празнења и со појава на град.
Мора да напоменеме дека на повеќе места, особено утре ќе дува засилен, повремено силен ветер од јужен правец (повремено со брзина од над 70 км/час). Остануваат високите пролетни температури на воздухот, што значи нема да се менуваат во однос на овие што ги имаме за време на викендов.
Топло ќе биде и во најголемиот дел од Европа.
НАПОМЕНА: Во случај на појава на електрични празнења да не се претстојува на отворен простор и под осамени дрвја, исто така локално се очекува позначително количество на воден талог (над 25 литри).
Доколку се случат овие врнежи за краток период, и тоа поради очекуваната нестабилност можни се локални краткотрајни поплавувања.
Извор: Славчо Попоски / Метео Аларм