Најново: Врнежи од снег вечерва во Македонија – ЕВЕ КАДЕ

Сообраќајот на државните патишта се одвива тековно, пo  влажни коловози.

Слаб снег,помешан со дожд (лапавица) паѓа на П.Шапка и Маврово.

Сите патни правци во државата се проодни.

На одредени патни правци кои поминуват низ клисури и усеци можна е појава на поситни одрони.

ЈП Македонијапат апелира на внимателно управување со возилата,почитување на поставената сообраќајна сигнализација,како и прилагодување на брзината спрема условите на патот.

Дежурните екипи на ЈП МАКЕДОНИЈАПАТ  се постојано на терен и ги одржуваат сите патни правци проодни.

Сите подетални информации учесниците во сообраќајот можат да ги добијат на нашиот дежурен телефон 02 25 61 502

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде