Објавена мапа: Невремето влегува во Македонија, еве кои делови ќе бидат зафатени

Под влијание на циклонска активност денес попладне, во текот на ноќта и утре времето ќе биде променливо облачно, на повеќе места нестабилно со врнежи од дожд.

Локално процесите ќе бидат во форма на невреме со пообилен и пороен дожд ( над 20 l/m2), проследени со силен ветер ( над 70 km/h) и појава на грмежи.

Во Скопје денес попладне, во текот на ноќта и утре ќе преовладува променливо облачно време со повремени врнежи од дожд. Во делови од котлината врнежите повремено ќе бидат поројни, проследени со засилен ветер и појава на грмежи.

Во деновите потоа ќе се задржи променливо облачно време со повремен локален дожд со слаб интензитет.

ВРЕМЕНСКА НАЈАВА ЗА УТРЕ

Утре времето ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд. Наместа ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, локално во форма на невреме. Потоа во следните денови ќе се задржи променливо облачно време, во среда со повремен локален дожд.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде