Ајдучка драма се случувала вчера попладне во Штип. Крадец влегол во стан да краде, па му се слошило и се онесвестил, пренесува ММС.мк
Очевидци за ММС велат дека вчера попладне се одвивала вистинска драма пред влезот на зграда на улицата „Ванчо Прке“, кога крадец влегол во стан.
Крадецот го забележале соседите и веднаш повикале полиција, а кога тој се онествестил повикале и брза помош.
Случајот го потврдија и од МВР.
„На 12.03.2024 во Штип, полициски службеници од Полициската станица Штип го лишиле од слобода М.К.(31) од Штип. Тој бил фатен при вршење на кривично дело „тешка кражба“ од стан во Штип, сопственост на Г.Т.(62) и Ф.К.(56), двете од Штип.
Лицето било задржано во полициска станица, за случајот бил запознаен јавен обвинител и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава, се вели во информацијата од СВР Штип.
Извор MMS.mk