Огромна тага: Почина познатиот актер

Актерот од „Војна на ѕвездите“ Мајкл Калвер почина на 85-годишна возраст, соопшти денеска неговиот агент.

Познато е дека здравјето на актерот било нарушено. Причината за смртта не беше објавена. Фановите велат дека неговиот талент никогаш нема да биде заборавен.

„Многу сме тажни што потврдивме дека нашиот пријател Мајкл Калвер почина. Кариера долга 50 години, улоги во Шерлок Холмс, Премин во Индија,

Тајната армија и секако незаборавната сцена во франшизата Star Wars“, објави aгентот на актерот и додаде: „Мајкл се откажа од актерството во раните 2000-ти за да ги концентрира своите напори на својот политички активизам“.

Британскиот уметник Мајкл Калвер е познат и по улогата во научно-фантастичниот еп „The Empire Strikes B“, пишува Daily Mail.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде