Тешка сообраќајка кај Куманово, има повредени

На 12.03.2024 во 07.35 часот во СВР Куманово било пријавено дека на крстосница од магистралниот пат Куманово-Крива Паланка, локален пат кон с.Клечовце и локален пат кон с.Макреш, општина Старо Нагоричане,

се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „фолксваген пасат“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од Г.С.(53) од с.Младо Нагоричане, општина Старо Нагоричане и

патничко возило „бмв“ со скопски регистарски ознаки, управувано од И.Б.(42) од с.Долно Соње, скопско.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил Г.С., а со телесни повреди се здобил И.Б., констатирани во Општата болница Куманово.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Куманово.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде