Брза реакција на полицијата: Уапсени се актерите во синоќешниот филмски грабеж

.Денеска се уапсени М.А.(28) и Е.А.(32), двајцата од скопското село Буковиќ, поради синоќешниот грабеж во Куманово.

„Тие се сомничат дека вчера околу 20.20 часот на улица „Доне Божинов“ во Куманово со возило „ренџ ровер” удриле во возило „фолксваген пасат”,

кое го управувал С.С.(63) од Куманово, при што пукале кон С.С. и му одзеле торба со пари, а подоцна го запалиле возилото „ренџ ровер”, соопшти МВР.

Тие биле приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде