МВР во акција, апсење на повеќе локации

На 14.03.2024, полициски службеници од ОВР Кочани при СВР Штип го лишиле од слобода Н.С.(43) од с.Горни Подлог, кочанско.

При претрес во неговиот дом во с.Горни Подлог, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени марихуана, машинка за изработка на цигари, воздушен пиштол калибар 4,5 мм и повеќе дијаболи калибар 4,5 мм за кои не поседувал документација. По целосно документирање на случајот, против Н.С. ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.

Денеска (15.03.2024) во 10.40 часот на подрачјето на Гази Баба, полициски службеници од Единицата за интервентна единица при СВР Скопје го лишиле од слобода С.С.(21) од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена кафеава прашкаста материја и марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

На 14.03.2024 околу 20.00 часот на улица „Фуштанска“ во Тетово, полициски службеници на СВР Тетово го лишиле од слобода 23-годишниот тетовец С.Д. затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе биде изготвен соодветен поднесок.

На 14.03.2024 во 21.50 часот во Куманово, полициски службеници од СВР Куманово ги лишиле од слобода В.Џ.(27), Х.А.(22) и Ш.Р.(25), сите од село Черкези, кумановско. Тие се сомничат дека на булеварот „Трета македонска ударна бригада“ во Куманово со тврд предмет ги нападнале И.Р.(18) и Х.С., двајцата од Куманово.

Лицата биле приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе следуваат соодветни пријави.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде