СДСМ пред конечна одлука: Познати се имињата на носителите и коносителите на изборните листи!?

Сеуште не се обелоденети носителите на листите за претстојните парламентарни избори во СДСМ, а како што е познато, тие ќе имаат и носители, но и коносители, каква што беше досегашната практика на оваа партија. 

Она што е извесно и потврдено досега и од самиот Димитар Ковачевски, сегашен лидер на СДСМ, е дека тој ќе ја предводи Единицата, а за коносител се споменува името ла лидерката на ЛДП, Моника Зајкова.

Двојката, според она што досега го имаат објавено медиумите, најверојатно ќе биде економска и ќе ги донесе имињата на Сања Лукаревска, директорка на УЈП, како и на Фатмир Битиќи, вицепремиер за економски прашања. За Изборна единица три се споменуваат Оливер Спасовски и Љупчо Николовски. 

Веќе е најмала тајна дека довербата да ја предводи листата во Изборна единица 4 ќе му биде доверена на Венко Филипче.

За Петка се зборува дека носителската позиција ќе ја добие Јован Митрески а како коносител би била Бисера Костадиновска Стојческа, додека шестката и натаму останува неизвесна, но големи се шансите носител да биде министерката за одбрана Славјанка Петровска.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде