Доцна синоќа страотна несреќа: Девојка удрила со автомобил во куќа – возилото откорнало дел од фасадата, па се превртело на покривот

Девојка е повредена доцна синоќа во сообраќајна несреќа на улицата „Бата Живојиновиќ“ во Белград кога со својот автомобил удрила во семејна куќа, пишува српски Телеграф.

Девојката за среќа била полесно повредена, но била во шок.

На местото на сообраќајната незгода увид извршила полицијата.

При судирот паднал дел од фасадата, додека автомобилот се превртел на покривот.

Со оглед на тоа што несреќата се случила во мала улица, сообраќајот не бил попречен.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде