Тешка сообраќајна несреќа помеѓу товарно возило и автомобил, има повредени

Едно лице е повредено во сообраќајна несреќа на магистралниот пат Прилеп-Битола.

Според информациите од МВР, несреќата се случила синоќа околу 1 часот по полноќ.

Во сообраќајната несреќа учествувале товарно возило и автомобил, а повредено е едно лице.

Сообраќајот на магистралниот пат е во прекин, а истиот се пренасочува.

Од МВР додаваат дека по завршување на увидот ќе излезат со повеќе информации.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде