Важна информација за сите кои утрово патуваат

ЈП Македонијапат соопшти дека на магистралниот пат А2 Крива Паланка – ГП Деве Баир поради работи на патот и позачестени одрони треба крајно внимателно да се управува со возилата за своја и за општа безбедност.

На одредени места, се наведува во соопштението, е поставена соодветна сообраќајна сигнализација.

АМСМ СЛУЖБА ЗА ПОМОШ И ИНФОРМАЦИИ известува:

ПРЕНАСОЧУВАЊЕ НА СООБРАЌАЈ: Поради случена сообраќајна незгода на патниот правец Прилеп – Битола сообраќајот помеѓу Прилеп и Лагово се одвива по стариот пат. Екипите на ЈП Македонијапат се на лице место и работат на расчистување и нормализација на сообраќајот.

СОСТОЈБА НА ПАТИШТА: Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, пo наместа влажни коловози.

ВНИМАТЕЛНО: АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде