Тешка сообраќајка пред Штип: Возило излета од патот, има повредени

Тешки телесни повреди добило едно лице откако вчера некаде пред 17 часот џипот во кој се превезувало по се уште нејасни околности излетал од коловозот.

Според информациите кои ги сподели Центарот за управување со кризи, несреќата се случила на патниот правец Штип – Кочани кај селото Чардаклија.

Повреденото лице веднаш со возило на брза помош било префрлено во штипската болница и се наоѓа надвор од животна опасност.

Во изминатиот ден ова е само една од трите вакви сообраќајки.

Со полесни повреди минал возачот кој вчера попладне излетал од патот во близина на градот Виница, додека нешто по 14 часот во тетовски Челопек малолетник кој управувал моторно возило исто така излетал од коловозот.

Во оваа сообраќајна несреќа тешки повреди добило малолетно лице кое во возилото било како сопатник и веднаш било префрлено во тетовската болница.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде