Поради сообраќајна несреќа на магистралниот пат Прилеп – Градско, меѓу раскрсницата за село Ореовец и село Плетвар, сообраќајот е во целосен прекин, соопшти Авто мото сојузот на Македонија.
Сообраќајот е во прекин попладнево од 18.06 часот.
Maркукуле дознава дека во сообраќајката учествувале автомобил со прилепски регистарски ознаки и цистерна, при што загина 29-годишно момче од Прилеп.
Повеќе информации подоцна, објавија од Маркукуле.