Ужасна вест го потресе регионот: Тело на маж е најдено во кеси за ѓубре, на рацете имал лисици

Според првите информации, се сомнева дека е убиен на друго место, по што утрово бил преместен на локацијата каде што е пронајден, објави Катимерини.

Мажот имал лисици на левата рака и оружје врзано на другиот крај. Засега не е познато дали со ова оружје е убиен.

Околу главата и нозете имал вреќи со ѓубре, додека торзото му било откриено.

Се чини дека на телото имало повреди, но засега не се познати повеќе детали.

Процесот на идентификација е во тек.

Надлежните ги прегледуваат камерите во околината, при што се нагласува дека на ова подрачје немало пријавени исчезнувања.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде