Последна вест: Ладниот Атмосферски фронт влегува во Македонија

Метео анализа на Славчо Попоски:

Ладниот Атмосферсаки фронт кој е придружен со обилни врнежи од дожд, снег, силен ветер и локални грмежи веќе зафати голем дел од регионот.

Снег има на повеќе места низ регионот, особено во Словенија, Хрватска и Босна и Херцеговина, каде снег има понекаде и во низините, а тенка снежна покривка на кратко се формираше и во Загреб.

Снежната покривка на планините во овие земји понекаде надминува и 20 сантиметри. Температурите значително се намалија и тие се близу 0 степени на ниските места, а на планините тие се спуштаат и под нулата.

Ладниот Атмосферски фронт во текот на претстојната ноќ и утре претпладне ќе ја зафати и Македонија, и истиот ќе предизвика врнежи од дожд, силен ветер (повремено со брзина од над 70 км/час), а во ваква ситуација не се исклучува и можноста за ретки грмежи.

Поради брзиот пад на температурите и заладувањето, на планините, особено во западните и во северните предели од државава ќе има врнежи од снег, а снежната граница понекаде би можела да се спушти до околу, па и под 1000 метри надморска височина, со што врнежи од снег на кратко ќе има и во повисоките населени места во западните и во северните предели од Македонија.

До крајот на денов остануваат пролетните температури на воздухот кои на повеќе места ќе достинат и до 15 степени, понекаде тие и ќе надминат 15 степени, додека во најтоплите централни и јигоисточни предели температурите ќе надминат и 20 степени.

Утре температурите на кратко ќе бидат во опаѓање и максималните дневни температури ќе се искачуваат во интервалот од 9 до 16 степени.

Извор: Славчо Попоски/Метео Аларм

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде