Маријана Димова мајка на 14-годишниот Александар Димов, кој беше убиен на суров начин во центарот на Прилеп на социјалните мрежи со потресна објава побара финансиска помош да го да ги покрие погребалните трошоци и да го направи споменикот на своето дете.
„ Драги пријатели, оваа мајка од Прилеп го изгуби своето дете , кое на само 14 години беше убиено…Моли за помош да ги покријат погребалните трошоци и да можат да направат споменик. Ве молиме кој колку може нека помогне, се вели во објавата“
Веднаш по трагедијата во изјава за неколку меидуми таа кажа дека уште е во шок и не може да верува дека детето и го нема. Таа тогаш посочи дека убиецот имал список со планирани убиства. Посочува дека на убиството претходел и физички напад.
„Еднаш се скарал пред продавница, сакал со пивско шише да го удри – само едно другарче го тргнало. Пред неколку дена му рекол дојди во Прилеп, бидејќи не можел тука да го изврши убивството, па му направи замка за во Прилеп.
Тој го планирал убиството. Правда. Да не излези никогаш од затвор. Само правда барам. Тој ако излезе, ќе утепа и други деца. Си имал список, тој си планирал, си имал список со десет деца да убие“, раскажува Димова.