УХМР утрово со најнова прогноза: Еве какво време не очекува

Времето денеска ќе биде умерено до значително облачно. Попладне и во текот на ноќта со врнежи од дожд, пообилни во западните делови.

Ќе дува слаб до умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветер од југоисточен правец, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи.

Минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 3, а максималната ќе достигне од 10 до 17 Целзиусови степени.

Во Скопје времето ќе биде променливо облачно, попладне и во текот на ноќта со повремени врнежи од дожд. Ќе дува умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до 1, а максималната ќе достигне 15 степени.

Од УХМР велат дека до четврток ќе се задржи променливо облачно време со повремени врнежи од дожд и со умерен до засилен ветер од јужен правец.

Во четврток претпладне наместа ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи. Температурата ќе биде во пораст, особено во петок и за време на викендот кога на повеќе места ќе биде над 20 степени.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде