УЖАС: Малолетно девојче прегазено при судар на два автомобили

Малолетничка е тешко повредена откако била прегазена при сообраќајка на два автомобили на „Пластичарска“.

Како што информираат од МВР, вчера во 07.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека на крстосница од бул.„Никола Карев“ со ул.„Прохор Пчински“ во Скопје се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „фиат 500“,

управувано од триесет и петгодишниот А.М.С. и патничко возило „шевролет спарк“ управувано од седумдесет и шестгодишниот С.П.,

двајцата од Скопје, по што едно од возилата удрило во малолетничка – пешак од Скопје.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила малолетничката, констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде