Нови детали од пукањето во Арачиново: Испукани скоро 30 куршуми кон возилото на градоначалникот

Обид за атентат на градоначалникот на општина Арачиново се случи денеска во истоименото населено место.

Како што дознава 24 Инфо, кон автомобилот на градоначалникот Ридван Ибраими биле испукани 29 куршуми од автоматско оружје.

Градоначалникот не е повреден, но сериозна повреда има неговиот возач кој се наоѓа на скопските клиники каде му се вршат операции.

„Има прострелни рани на градниот кош. Станува збор за момче на околу 30-годишна возраст“ вели во разговор за Телма Неџати Јакупи, директор на Клиниката за Торакална хирургија во скопскиот Клинички Центар.

На местото на настанот има силно присуство на маскирани и вооружени припадници на полицијата.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде