Пукање во автомобилот на градоначалникот на Арачиново, едно лице е тешко повредено

Според информации на ТВ21 тешко повреден е возачот на градоначалникот на општина Арачиново, по пукањето кое се случи на пладне во скопската населба.

Поради итноста, тој е внесен во операциона сала во клиничкиот центар Мајка Тереза, но во моментов нема информации каква е неговата здравствена состојба.

„Има прострелни рани на градниот кош. Станува збор за момче на околу 30-годишна возраст“ вели во разговор за Телма Неџати Јакупи, директор на Клиниката за Торакална хирургија во скопскиот Клинички Центар.

Новинарката на ТВ21 Алмедина Исмајли се наоѓа пред градската болница „Свети Наум Охридски“ каде е донесено едно лице со повреди. Пред болницата има засилено присуство на полиција.

За потсетување, имало пукање во општина Арачиново, според првичните информации пукано е кон луѓето кои биле придружба на градоначалникот.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде