„Со неизмерна тага ве известуваме дека денес нѐ напушти нашата Билјана Василевска Трајкоска.
Со нејзината професионалност, посветеност и компетенција, Биле остави неизбришлива трага врз развојот на младинската работа во нашата земја и пошироко.
Како член на Управниот одбор на Сојузот за младинска работа, а подоцна и како дел од Секретаријатот и Генерален секретар, Билјана предводеше многу процеси за признавање и развој на младинската работа.
Заедно преживеавме многу битки, доживеавме големи успеси и разочарувања, водевме безброј дискусии, и никогаш не престанавме да сонуваме за иднина во која секој млад човек ќе ја добива поддршката што ја заслужува.
Како вистински борец, до самиот крај беше покрај нас и ни помагаше да ги планираме наредните чекори.
Уште долги години многу младински работници ќе учат од материјалите што Биле ги напиша, и ќе ги користат можностите што таа ги создаде.
Биле, огромна привилегија е што те имавме!
Сочувство до семејството, и нека ти е светол патот, стои во објавата на Сојуз за младинска работа/Union for Youth Work