На 31.03.2024 околу 10.30 часот во СВР Штип било пријавено дека на ул.„Брегалничка“ во Штип,
патничко возило „опел вектра“ со кривопаланечки регистарски ознаки, управувано од К.И.(64) од Штип, излетало од патот.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил сопатникот Д.Ј.(29) од Струмица, а возачот се здобил со телесни повреди констатирани во Клиничка болница Штип, соопшти МВР.
Извршен увид од јавен обвинител и увидна екипа од СВР Штип.