Да ти се заледи крвта: Погледнете како се тресе цел град по силниот земјотрес во Јапонија

Земјотрес со јачина од 6,1 степени според Рихтеровата скала утрово ја погоди Јапонија, јавува EMSC.

Земјотресот е регистриран во 12:16 часот по локално време. 

Потресот се почустувал во префектурите Ивате, Мијаги и Фукушима, соопшти Јапонската метеоролошка агенција. 

Епицентарот на земјотресот бил лоциран на брегот на префектурата Фукушима, на околу 40 километри под земја.

Засега нема информации за повредени или материјална штета, а не е издадено ниту предупредување за цунами.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде