Двајца работници на Јавното комунално претпријатие „Водовод“ Бор, С.Ј.(50) од село Лука и Д.Д.(50) од село Злот се осомничени за убиството на Данка Илиќ (2) по која трагаше половина Европа.
С.Ј се сомничи дека управувал со службеното возило на ЈКП „Водовод“ во моментот кога удрил во двегодишно девојче, додека со него бил Д.Д.
Тие како работници на ЈКП не и беа сомнителни на полицијата бидејќи работеле на депонијата, а цело време се договарале како да ги прикријат трагите од криминалот. Но, тоа не е се, бидејќи еден од нив кога видел дека полицијата е на нозе и дека цела Србија ја бара малата Данка, имал намера да го пренесе телото.
„Еден од уапсените рекол дека соучесникот му кажал дека ќе го ископа телото на малата Данка и ќе го сокрие во неговото село, кое се наоѓа на 36 километри од Бор. Тој наводно му рекол дека ќе го погреба тело до плевната. Таа трага полицијата синоќа ја проверила со специјално обучени кучиња, ископана е и претресена.Исклучително е недостапна, до неа се стигнува само со трактори. Локацијата е проверена, телото не е пронајдено таму. Се претпоставува дека е во депонија и потрагата по неа се уште е во тек“, наведува Информер и додава:
„Цело време договарале како да се прикријат трагите на убиството. Нивните пријатели и соседи немаа ништо лошо да кажат пред ова апсење. Очекуваме дека телото ќе биде пронајдено во наредните часови. И двајцата признаа, детално опишани, одделно ја однесоа полицијата на точното место на депонијата. Тие го покажаа истото место , но полицијата се уште не успеала да го пронајде телото.Тоа е активна депонија, секојдневно се носи во неа поголема количина смет од Бор и околните градови“.