Сцени кои болат: Мајката и таткото на малата Данка однесени со Брза помош

Брзата помош пристигнала пред полициската станица во Бор каде биле таткото и мајката на убиеното девојче Данка Илиќ.

Како што дознаваме, на таткото и мајката им се слошило и лекарите итно ги пренеле во Здравствен дом, јавува репортерот на телевизија Курир.

По десетдневна опсежна акција, полицијата по деталните проверки на сите индиции и информации го уапсила С.Ј. (50) и Д.Д. (50), двајцата од Бор, осомничени за убиство на двегодишното девојче Данка Илиќ.

Двајцата осомничени во целост го признале извршувањето на ова кривично дело, а во тек е претрес на теренот за потрага по телото.

Полицијата продолжува интензивно да работи на овој случај за што навремено ќе ја информира јавноста.

С.Ј. со службеното возило ја удрил двегодишната Данка и ја убил, а потоа нејзиното тело со колега го ставиле во багажникот на возилото, по што се упатиле кон дива депонија на Старобањски пат.

Потсетуваме, Данка Илиќ исчезна пред десет дена, на 26 март.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде