Шокантни вести од Србија: Малата Данка е убиена, уапсени се две лица

Полицијата уапсила две лица осомничени за убиството на малата Данка, а тие го признале делото, изјави Вучиќ на вонредна седница на Владата на Србија.

Полицијата уапсила две лица кои ја убиле малата Данка Илиќ, а тие го признале делото, изјави претседателот Александар Вучиќ на денешната вонредна седница на Владата на Србија.

Имаме лоши вести за Данка… Полицијата уапси две лица кои ако добро разбирам го извршиле убиството на малата Данка.

Како што разбрав, тие го признале делото, рекол Вучиќ, додавајќи дека водат до местото каде што го фрлиле телото.

– Со какви чудовишта си имаме работа, резигнирано рекол Вучиќ.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде