Српски „Информер“ пренесува шокантна информација: Данка била жива откако ја удрил автомобилот, возачот ја задавил со голи раце

Девојката Данка Илиќ била жива откако двајца работници ја удриле со автомобил, а потоа еден од нив излегол од автомобилот и со голи раце го удавил детето, пишува „Информер“.

Двајца монструми убиле невино дете! Последните сознанија на „Информер“ за убиството се страшни, со оглед на тоа дека девојчето било живо откако во него удрил автомобил.

Телото на убиената Данка Илиќ се уште не е пронајдено, точната причина за смртта ќе се знае по обдукцијата.

Припадници на МВР по десетдневна опсежна акција, детални проверки на сите индиции и информации, го уапсиле С.Ј. (1974) и Д.Д. (1974), поради сомнение дека ја убиле Данка Илиќ, се вели во соопштението на МВР.

Двајца работници на Јавното комунално претпријатие „Водовод“ Бор С.Ј.(50) од село Лука и Д.Д.(50) од село Злот го признале делото, а тоа што го направиле е застрашувачко.

Двајцата беа пијани. Тие се исплашиле бидејќи под дејство на алкохол возеле службен автомобил. Девојчето било живо кога го удриле. Еден од нив излегол од автомобилот и со голи раце ја задавил Данка. Лежела на патот и плачела, а тој без тронка совест ја удавил, ја ставил во багажникот и потоа ја фрлија во депонија – изјави главниот уредник на Информер, Драган Ј. Вучиќевиќ.

Извор: Информер.рс

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде