Уште една трагедија на македонските патишта: Излета возило, едно лице го загуби животот

Попладнево околу 17.20 часот во СВР Тетово било пријавено дека на регионален пат Тетово – Попова Папка во близина на тетовско Расадиште,

патничко моторно возило “рено меган” со австриски регистарски ознаки, управувано од лицето Е.В.(80) од Австрија, излетало од патот.

Во несреќата, од здобиените повреди возачот починал.

Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт, а увид на местото извршиле јавен обвинител и увидна екипа од СВР Тетово.

Поради сообраќајната несреќа за интервенција биле повикани и тетовските пожарникари

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде